Норвешка затвора граници и пристаништа за руски камиони и бродови

45

Норвешката влада соопшти дека ќе ја следи одлуката на Европската унија да ги затвори поморските пристаништа и границите за рускиот стоковен сообраќај.

Затворањето на поморските пристаништа стапува на сила на 7 мај, додека границата  се затвори од вчера.

„Санкциите се нашето најважно средство за притисок врз рускиот режим и од клучно значење е да застанеме со ЕУ и другите земји со цел да продолжиме да ја ослабуваме способноста на Русија да ја финансира војната во Украина“, изјави министерката за надворешни работи Аникен Хутфелт.

Одлуката предвидува Осло да забрани руски бродови, вклучително комерцијални бродови, јахти, едрилици и пловила за рекреација, во норвешките пристаништа.

Поради посебниот договор што постои меѓу Германија и Русија за управување и зачувување на рибниот фонд во Баренцовото Море, забраната нема да ги опфати рибарските бродови, како и спасувачките или истражувачките бродови.

Забраната за товарен превоз по копнен пат се однесува на транспортните компании основани во Русија и се применува веднаш, се вели во соопштението на норвешката влада.