„Носете топла јакна или џемпер“- Холандската влада ги повика граѓаните да штедат на греење

77

Холандската влада ја повика јавноста да го намали греењето  во своите домови со цел да се намали зависноста на нацијата од руската енергија, објави германската новинска агенција dpa.

Термостатитесо владина одлука, пониски за два степени Целзиусови во официјалните институции во Холандија како начин за намалување на потрошувачката на енергија.

Владата рече дека сака да даде добар пример, објави во саботата холандската новинска агенција АНП.

„Нашите сметки за енергија растат, треба да станеме помалку зависни од рускиот гас и сакаме да се бориме против климатските промени“, рече владата во повикот до нацијата да воведе мерки за заштеда на енергија.

Во огласите во весниците и преку онлајн кампања, граѓаните се повикуваат да го постават греењето во домовите на максимални 19 степени Целзиусови.

„Носете топла јакна или џемпер, чорапи и влечки“, советува кампањата.

„Ако останете дома, можеби термостатот може да се спушти за еден степен.