Нов банкомат на Охридска банка Сосиете Женерал во населба Маџари

28

ohridska-banka-logo

Охридска банка Сосиете Женерал ги информира клиентите дека во функција е нов банкомат лоциран на улицата Благоја Стефковски бр. 57, во просториите на Златно Жито во населба Маџари, стои во соопштението.

На сите клиенти покрај мрежата на банкомати, им стои на располагање и мрежата на експозитури ширум земјата, како и електронското банкарство и апликацијата за мобилно банкарство Моја банка – мобилна банка, којашто на клиентите им овозможува на брз и едноставен начин да управуваат со својата банкарска сметка од својот мобилен телефон.