Нов банкомат на Охридска банка Сосиете Женерал во населба Влае

23

ohridska-banka-logo

Во насока на обезбедување на што поголема достапност на услугите на Охридска банка Сосиете Женерал, во функција е нов банкомат во населба Влае, лоциран на булеварот Партизански Одреди бр.130, на бензинската станица Макпетрол, стои во соопштението.

На сите клиентите покрај мрежата на банкомати, им стои на располагање и мрежата на експозитури ширум земјата, како и електронското банкарство и апликацијата за мобилно банкарство Моја Банка Мобилна Банка, којашто на клиентите им овозможува на брз и едноставен начин да управуваат со својата банкарска сметка од својот мобилен телефон.