Нов дизајн за вината bag-in-box на Тиквеш

79

Вината Тиквешко бело, Тиквешко црвено и Тиквешко розе од 3 литри во bag-in-box пакување на ВВ Тиквеш добија целосно нов дизајн на амбалажата.

Новиот изглед на пакувањето ги следи современите пазарни трендови и одговара на специфичните очекувања на љубителите на вино во земјава и регионот, за постојани иновации и освежувања во настапот на пазарот.

Новиот дизајн на амбалажата беше промовиран на годинешната Галичка свадба, најпознатата и најатрактивна обичајна манифестација во Македонија, којашто се одржа изминатиот викенд.

Креативната изведба на редизајнот и промотивни активности се раководат од слоганот на оваа линија вина – Страст за традицијата.

Вината со новиот дизајн веќе се достапни на одредени продажни места, а до крајот на месецот ќе се најдат на полиците во сите продажни објекти низ земјава.