Нов филтер за пречистителната станица во Пехчево

29

Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени кој го спроведува Милиеуконтакт Македонија во соработка со Центарот за лековити билки и шумски плодови Амброзија од Пехчево и Општина Пехчево, денеска ќе го пуштат во употреба новиот филтер инсталиран во пречистителната станица на о. Пехчево.
Филтерот на оваа пречистителна станица беше променет во рамки на Итните акции од овој проект кој се спроведува во осум македонски општини, вклучувајќи ја и општина Пехчево.
Свеченото сечење на лента ќе се одржи пред филтер станицата, а организираното поаѓањето до неа е од платото пред општинската зграда.
Градоначалникот на Пехчево г. Игор Поповски, директорот на Милиеуконтакт Македонија, г. Игор Славкоски и г-ѓа Јасминка Пашалиска, преставничка од центарот Амброзија ќе присуствуваат на овој настан и ќе упатат поздравни говори до присутните. По свечената церемонија планирана и е Втора јавна расправа на засегнатите страни за нацрт – стратегијата за климатски промени изработена во рамките на проектот.
Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени кој е спроведуван од Милиеуконтакт Македонија е двегодишна иницијатива со цел да се подготват општините како да се справат со локалните предизвици предизвикани од климатските промени. Користејќи иновативна методологија наречена Зелена Агенда, која е успешно тестирана во општини во Македонија и Источна Европа, проектот има за цел да ги собере граѓанските организации, граѓаните, како и органите на општините за развој на стратегии базирани на консензус и акциони планови за решавање на климатските промени и ублажување на нивните ефекти. На овој начин, проектот на УСАИД за Општински стретегии за климатски промени има за цел да ја поттикне локалната отпорност на климатски промени и да го зајакне граѓанското општество преку зголемување на граѓанскиот активизам.