Нов хит против стрес: Соба за лутина

41

Фото: Youtube

Стресот станува секојдневие на милиони луѓе ширум светот, па постојано се изнаоѓаат начини како да се контролира или намали неговото влијание врз здравјето на луѓето. Кина, како и за многу технолошки пронајдоци е лидер во светот, така го добива и приматот во борбата против стресот. Низ Пекинг се отворени повеќе таканаречени соби за лутина и гнев (anger room или rage room), пренесува Reuters.

Зад оваа идеја стои компанија Smash, чија цел е да им помогне на луѓето да се носат со стресот во животот и на работното место во големите градови.

Во овие соби има најразлични предмети, а оние кои сакаат да се ослободат од стресот треба да платат околу 20 евра и за половина час да искршат сè што им пречи внатре.

“Ако имате пари, може да искршите сè што ќе посакате: телевизор, компјутер, шише вино, мебел… Единствено не е дозволено да удирате по други луѓе“, вели Лиу Чао, која, по “третманот“ во оваа соба била поопуштена и задоволна.

Во текот на месецот, околу 600 лица на возраст од 20 и 35 години доаѓаат да го “истурат“ својот бес во овие соби.

Предметите што може да се кршат, се собираат во текот на чистењето на стари станови или простории во земјата, но и корисниците сами можат да донесат предмети што сакаат да ги скршат.