Нов изум на Bellabeat: Slice за имунитет, виталност и убавина

20

slice

Хрватско – словенечкиот старт – ап Bellabeat претставува нов производ што ќе биде целосно посветен на здравјето на корисникот, а ќе се вика Slice, пишува Telegram.hr.

Од Bellabeat велат дека нивната мисија е “развој на производ што ќе ги инспирира луѓето секој ден да работат на себе и да се чувствуваат подобро“.

“Следниот производ ќе се фокусира на имунитетот, виталноста и убавината. Со Leaf изградивме силна база на информации од нашето тело, а сега е време да го обезбедиме тоа што му е потребно на нашето тело“, стои на блогот Medium.com.