Нов кеш кредит на Охридска банка

56

digitalen-poster-1200x1920-pikseli

Охридска банка Сосиете Женерал во своето портфолио воведува нов Кеш кредит наменет за купување на производи во Нептун, со промотивни услови во претстојниот период до 31.12.2017 година, стои во соопштението.

Во рамки на промотивниот период, клиентите кои ќе го одберат овој Кеш кредит, имаат можност да купуваат производи во сите продажни места на Нептун во максимален износ до 120.000 денари. Аплицирањето за кредитот може да се врши директно, на самото продажно место на Нептун, или пак онлајн, преку веб страницата на Банката. Во рамки на промотивниот период, клиентите се ослободени од плаќање на административниот трошок за апликација за овој кредит. Дополнително, важна карактеристика на кредитот е дека има фиксна и гарантирана каматна стапка за целото времетраење на отплатата. Апликантите за Кеш кредит за купување на производи во Нептун, не се обврзани да примаат плата преку Охридска банка Сосиете Женерал.

“Со цел уште повеќе да излеземе во пресрет на нашите клиенти, со овој наменски кеш кредит, им овозможуваме бесплатно осигурување на купените производи во првата година од отплатата на кредитот. За уште повеќе да го олесниме купувањето на производи, воведовме и една бенефиција за имателите на Мастер Кард кредитните картички на Охридска банка Сосиете Женерал, односно во рамки на промотивниот период клиентите имаат можност да купуваат производи од Нептун до 12 рати без камата, најдоцна до 31.12.2017 година“, велат од банката.