Нов млечен леб од Жито Лукс

98

mlecen leb

Млечниот леб е последниот новитет пласиран од компанијата Жито Лукс. Несекојдневен и специфичен по својот вкус, овој производ ја збогатува широката палета на лебови на најголемиот производител на леб и брашно во земјава.

„Како водечки производител на леб во земјава, наша цел е во континуитет да ја зголемуваме и подобруваме понудата на производи и на тој начин до потрошувачите да доближиме различни и несекојдневни вкусови. Досегашните реакции и коментари од консументите за секој нов вид леб се позитивни, што ни дава мотив да продолжиме во истата насока. Млечниот леб го претставува токму тоа, одговор на нивните барања“, изјави Даница Ническа, продукт менаџер во Жито Лукс.

Млечниот леб е направен со квалитетно бело брашно, збогатен со свежо млеко, што придонесува кон меката структура. Како кај сите наши лебови, така и во изработката на млечниот леб не се употребени конзерванси. Идеален е во комбинација со разновидни продукти и е совршен избор за секој оброк. Млечниот леб може да се најде во сите продажни места ширум Републиката по промотивна цена од 22 денари.