Нов начин за пресадување на коса во Систина

127

Во Клиничката болница Аџибадем Систина прв пат во Македонија е направена интервенција за излекување на ќелавост со помош на ФУЕ метода.
Доктот Јакуп Сенсо, координатор за ласер и дерматологија во болниците на Аџибадем во Турција, денеска на прес-конференција информира дека ФУЕ методата се состои од пресадување коса, најчесто од областа на тилот и пренесување на места каде што недостасува.
“ФУЕ методата се изведува со поединечно земање на фоликули од влакното, најчесто од областа на тилот и пренесување на места каде што недостасува коса. Постапката се изведува со помош на посебен апарат, кој овозможува најпрецизно земање на влакната, без лузни и оштетување на околните корени, што е од голема предност во однос на другите техники”, појасни Сенсо.
Интервенцијата, како што рече, се прави под локална анестезија, а успешноста во споредба со другите методи на пресадување е многу повисока и подолготрајна, бидејќи се работи на секој фоликул поединечно. По трансплатацијата не е потребна посебна нега на кожата, само се користат одредени креми, а резултатот е видлив по шест месеци.
Оваа метода, според др. Андреј Петров специјалист дерматовенеролог во Аџибадем Систина, досега е применета кај двајца пациенти, каде биле пресадени осум до девет илјади влакна.
“Се работи за еднодневна или попладневна хоспитализација, пациентот веднаш си оди дома. Интервенцијата трае четири до пет часа, а чини околу 3.000 евра, што е многу поповолно од земјите во регинот, каде што се врши истата метода”, рече Петров.
Крајниот резултат од интервенцијата е изедначена прераспределба на косата, како и природен изглед и волумен при што не се забележува разлика меѓу старата и новата коса.