Нов парфем Hugo Boss од утре во продажба

28

Уште еден нов парфем од познатата колекција за мажи Hugo Boss од утре ќе може се најде во продажба. Шестиот во низата елегантни мириси за мажи ќе биде достапен во специјализирани продавници, како и во продажните места на Hugo Boss.

Damask-Oud

Составен од најквалитетни состојки, парфемот Damask & Oud е совршена комбинација на зачинети ноти од бел пипер, шафран, арома на роза и темјан и завршни ноти на кедар и папирус.

Луксузната линија на парфеми која беше лансирана во 2011, веќе содржи пет различни мириси: Памук и Врбинка, Свила и Јасмин, Волна и Мошус, Кадифе и Килибар, како и Кашмир и Пачули.

hugo-boss-fragrance-collection

Новиот парфем Damask & Oud (Сино црвена роза и Агар), ќе може да се купи по цена од 110 евра за шишенце од 50 ml.