Нов пристап кон завидливоста – таа може да ве мотивира

256

trofei

Фото: Pixabay

Модерната завист е неконтролирано зголемена, благодарение на користењето на разните социјални мрежи како што се Facebook, Twitter и други. Зголемена завист може да се појави бидејќи луѓето имаат поголем пристап до информациите.

Можете да видите слики од прекрасни места, што ги посетиле некои ваши познаници, а вие не можете да си го дозволите тоа задоволство. Ќе дознаете дека колегата од работа си купил нов автомобил, а вие се уште го возите стариот. Унапредувањето што долго го чекавте го добил некој друг. Луѓе што живеат во луксуз, додека вие се мачите да го преживеете месецот.

Најновите истражувања покажуваат дека се појавила поголема завидливост и незадоволство кај луѓето што користат социјални мрежи, отколку кај останатите.  Истражувањето спроведено на Универзитетот во Мичиген покажало дека луѓето кои користат социјални мрежи стануваат понезадоволни од сопствените животи. Меѓутоа, не мора да е така.

Психолозите ја класифицираат зависта на два начина, како малициозна и бенигна.

Малициозна завидливост е кога сакате да ја омаловажите другата личност, со цел да изгледате подобро при компарацијата.

Бенигната завидливот, пак, всушност е мотивираноста што се јавува кога се трудите да го достигнете успехот на другата личност.

Процесот на компарација може да предизвика зголемување на егото кај луѓето, доколку се споредувате со личност што постигнала помал успех во животот или завист и незадоволство, ако личноста има големи успеси.

Меѓутоа, еден од најголемите гревови може да се искористи како поттикнувач на мотивацијата кај луѓето. Истражувањето спроведено на универзитет во Холандија покажало дека кога студентите се водени од бенигната завист, тие учеле повеќе и на крајот имале подобри резултати. Зависта, исто така може да ги зголеми фокусот и меморијата, доколку се сака да се копираат чекорите на ривалот што го одвеле до успехот. Не само што може да не мотивира да постигнеме поголеми цели, туку може и когитивно да не поттурне за да стигнеме до таму.

Зависта може да се искористи и во компанијата. Според извештајот од Харвард, низа студии покажале дека зависта може да ја уништи кариерата на луѓето и целосното функционирање на компанијата. Но, исто така покажале дека зависта може да биде и корисна, ако се насочи правилно. Таа може да им помоге на луѓето да го зголемат фокусот и вниманието на областите кои се важни.

Затоа ако почувствувате завист во себе поради туѓиот успех, тогаш погледнете на тоа како на моќен сигнал дека го посакувате и вие истото. Мотивирајте се и направете сè што можете за да го постигнете или да го добиете тоа што го сакате.