Нов проект за окрупнување на земјоделското земјиште

20

nivi-pixabay

Фото: Pixabay

Четири нови групирања на најмалку 1.000 хектари земјоделско земјиште со цел нивно окрупнување, се очекува да бидат реализирани во наредните 3,5 години со проектот Воведување национална програма за консолидација, јавува Миа.

Проектот официјално почна денеска. Финансиран е од ЕУ со 2,5 милиони евра, а го реализира ФАО. Предвидува јакнење на техничките и административните капацитети на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), но, сепак, клучните ефекти, се директно насочени кон производителите, сопственици на парцелите.

Македонија има донесено Национална стратегија за консолидација на земјоделското земјиште за периодот 2012 – 2020 година, како и Закон за консолидација во 2013 година. Во рамки на МЗШВ, пак, е формиран и посебен сектор за оваа област. Воедно привршуваат двата проекта – за окрупнување на 360 хектари во Егри, Општина Битола, и на 32 хектара во Конче.