Нов рекорд на биткоинот

60

Цената на биткоинот ја надмина границата од 68.000 долари и со тоа постави нов рекорд.

Најпознатата криптовалута во светот се зголеми за 1,2% во однос на доларот и чинеше 68.263 долари во 23:16 часот по источно време, според breakingthenews.net.

 

Рекордно високиот скок доаѓа во време на зголемен интерес за потенцијални добивки на биткоин, откако дигиталните валути се наметнаа како иден мејнстрим начин на плаќање, а пазарната капитализација на крипто-средствата за прв пат ја премина границата од 3 трилиони долари.

Биткоинот поскапува втор месец со ред, откако на почетокот од октомври вредноста на криптовалутата скокна за 40 отсто на 61.300 долари од претходното ниво од 43.820 долари. Претходно во септември биткоинот поевтини, откако во претходните два месеца во јули и август бележеше силен раст од вкупно речиси 35 отсто.

Претходно откако криптовалутата го достигна априлското рекордно ниво, во мај биткоинот загуби речиси една третина од својата вредност и потоа неговата цена падна на 37.300 долари од 57.700, а се врати кон плафонот од 60.000 долари дури кон средината на октомври.