Нов рекорд на Волстрит, раст и на азиски берзи

21

На Волстрит, берзанските индекси во понеделникот достигнаа нови историски рекорди, благодарение на подобрите од очекуваните деловни резултати.

Dow Jones зајакна 94 поени, или 0,26 отсто, на 35.913 поени, додека S&P 500 порасна за 0,18 отсто, на 4.613 поени, а индексот Nasdaq беше 0,63 отсто, на 15.595 поени.

S&P 500 порасна во 12 од последните 14 дена бидејќи кварталните деловни резултати на компаниите се подобри од очекуваното.

На повеќето азиски берзи цените на акциите пораснаа во вторник, но тргувањето е претпазливо пред состанокот на лидерите на американската централна банка, на кој се очекува да објави намалување на економскиот стимул.