Нов рекорд на Wall Street

28

На Wall Street индексите Dow Jones и S&P 500 достигнаа ново рекордно високо ниво, благодарение на растот на цените на акциите во технолошкиот сектор, пад на приносите на државните обврзници и добрите економски показатели.

Dow Jones зајакна за 305 поени или 0,90% на 34.035 поени, додека кај S&P 500 има пораст од 1,11% на 4.170 поени. Во исто време, индексот на Nasdaq се зголеми за 1,31% на 14.038 поени.

Новото рекордно ниво на Dow Jones и S&P 500 е благодарение на растот на цените на акциите на Apple, Microsoft и Facebook.

Во последната недела се забележуваат големи осцилации на акциите на технолошките гигант.

Поддршка на растот на пазарот даде и падот на приносите на 10-годишните државни обврзници под ниво од 1,6% за првпат од 25-ти март. Порастот на тие приноси на крајот на март од над 1,75% е најголем скок за 14 месеци.

Фото: Pexels