Нов режим на сообраќај пред аеродромската зграда на аеродромот Александар Велики

19

skopski-aerodrom-facebook

Фото: Facebook

На скопскиот аеродром Александар Велики, почнувајќи од 22-ри јуни оваа година, почнува со примена нов режим на сообраќај пред аеродромската зграда, при што ќе биде дозволено возачите да ги остават и земаат патниците во бесплатен временски интервал од максимум 10 минути.

Задржувањето подолго од 10 минути, како што се наведува, ќе биде наплатено според посебниот ценовник којшто важи за наведената зона. Исто така, ревидиран е и ценовникот на паркингот според потребите и барањата на патниците. ТАВ Македонија ги промени интервалите на тарифирање и ги намали цените за паркирање на подолго време, како и за годишните паркинг – карти.