Нов третман за убавина – 185 евра за да ви лазат полжави по лицето

185

escargot2

Спа центар во Токио започна да нуди нов необичен третман за лице користејќи слуз од полжави. Стручно лице ги става полжавите директно на кожата на лицето и ги остава да се движат и да оставаат слуз. Слузот е клучен во третманот затоа што содржи коктел од протеини, антиоксиданти и хијалуронска киселина, кои помагаат кожата да остане свежа, се намалува воспалението и се чистат мртвите клетки.

Во спа центарот, прв во Токиот кој нуди ваков третман, засега има пет полжави кои се чуваат во мали чисти кутии, а се хранат со органски зеленчук, како моркови, спанаќ, блитва. Полжавите се купени од органски одгледувач во Јапонија.

Третманот наречен Celebrity Escargot Course трае 60 минути и чини 185 евра. Третманот започнува со темелно чистење на лицето пред да се нанесат полжавите, а потоа се ставаат маски и креми.

Како изгледа сето тоа, во видеото демонстрира новинарката на The Daily Telegraph.