Нов закон: Од јануари задолжително пензионирање на лицата над 64 години

472

Од наредниот месец треба да почне процесот за донесување нов закон за пензионирање согласно кој во пензија ќе мора задолжително да одат сите лица со навршени 64 години. Исклучок од ова се здравствените работници – лекари и медицински персонал, како и кадри од областа на високото образование.

Како што најави денеска премиерот Зоран Заев, законот треба да почне да се применува од јануари наредната година. Според податоците кои ги добил од МИОА во моментов има околу 10.300 лица кои се на возраст над 64 години, а се уште се во работен однос.

“Вака ќе отвориме простор за младите и перспективни кадри кои навистина ќе може да движат напред. Законот е замислен да биде задолжително пензионирањето на 64 години, односно 62 години за жените флесибилно, освен за вработените во здравство лекари и медицински персонал и за високото образование. Секако ова ќе помне во конуслтатиции со синдикатите и коморите, да видиме што правиме со одредени дефицитарни струки за да се се создаде недостиг на кадри, рече Заев.

Дефицитарни кадри и натаму ќе можат да се ангажираат, исто како што ќе може да се ангажираат и искусни советници доколку е тоа потребно.

Тој исткна дека пензискиот систем е стабилен и оти може да ги апсорбира еввентуалните идни пензионери.

Фото: Freepik