Нов Зеланд најголем извозник на млеко, Македонија на 80-то место

79

Гледано по континенти, европските земји според извоз на млеко се први во светот со 52,5%, што е повеќе од половина од вкупниот извоз. На второ место е Океанија, предводена од Нов Зеланд со 22,5%, а трета е Азија со 12,7%.

Според анализата на World’s Top Exports следниве земји се најдоа во Топ десет:

  1. Нов Зеланд – 5,5 милијарди долари (19,3% од вкупниот извоз на млеко)
  2. Германија – 2,8 милијарди долари (9,8%)
  3. Холандија – 2,5 милијарди долари (8,6%)
  4. Белгија – 1,7 милијарди долари (6,1%)
  5. САД – 1,6 милијарди долари (5,6%)
  6. Франција – 1,5 милијарди долари (5,4%)
  7. Хонг Конг – 1 милијарда долари (3,6%)
  8. Aвстралија – 907,4 милиони долари (3,2%)
  9. Обединети Арапски Емирати – 812,1 милиони долари (2,8%)
  10. Велика Британија – 788,1 милиони долари (2,8%)

Нашата земја се наоѓа на 80-то место на листата, а минатата година вредноста од извозот на млеко изнесувала 4.226.000 долари.

Фото:Pexels