Нова апликација овозможува бришење на испратени пораки

24

string-app

На секој од нас барем еднаш му се случило да испрати порака, за која потоа жали што ја испратил, но нема опција да повлече и избрише. Апликацијата Strings им става крај на лошите искуства и нуди можност да се избрише веќе испратена, па дури и прочитана порака.

Aпликацијата, зад која стои Be Labs LLC, засега е достапна само за корисниците на паметни телефони со iOS оперативен систем, пишува Huffington Post.

Strings им овозможува на корисниците да отповикаат веќе испратена порака во рок од 60 секунди.