Нова бесплатна програма за поддршка и градење на капацитети на туристички и угостителски бизниси во услови на криза

211

Во рамки на потпроектот Градење менаџерски вештини и деловни врски за подобрена услуга во туристичкиот и угостителскиот сектор, што се спроведува со поддршка на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), ЦЕЕД Македонија организира Програма со специјализирани сесии за поддршка и градење на капацитетите на туристички и угостителски бизниси во услови на криза, наменети за фирми од целата земја.

Планираните настани во рамките на програмата ќе бидат фокусирани на неколку теми кои се од критично значење за туристичките и угостителските бизниси, а кои станаа уште поактуелни и попотребни по кризата со пандемијата од COVID-19:

  • Продажба и онлајн продажба
  • Дигитален маркетинг
  • Лидерство во услови на криза
  • Управување со тимови, коучинг и менторство во услови на криза
  • Пристап до финансии за туристички и угостителски бизниси

Дополнително, секоја од вклучените фирми (учесници) ќе добие менторски сесии за јакнење на капацитетите кои ќе бидат прилагодени кон индивидуалните потреби на секој учесник.

Неколку битни информации:

Сите настани се одвиваат онлајн така што лесно може да се приклучите од својот дом, канцеларија или било кое место каде што се наоѓате.

Настаните е планирано да се спроведат во јуни и јули оваа година (точните датуми ќе бидат дополнително соопштени).

Сите настани ќе бидат спроведени од искусни консултанти во конкретната област.

Учеството е бесплатно, односно трошоците се во целост покриени од проектот.

Пријавувањето се врши преку пополнување на онлајн апликација за учество и тоа најдоцна до 10-ти јуни 2020-та година. До пријавата може да пристапите овде.

За повеќе информации пишете на [email protected].

Проектот Градење менаџерски вештини и деловни врски за подобрена услуга во туристичкиот и угостителскиот сектор е насочен кон подобрување на квалитетот на туристичката понуда во избраните региони, и кон зголемување на бројот на домашни и странски туристи (посетители).

Фото: Freepik