Нова бесплатна услуга од ТТК банка за корисниците на VISA картичките

59

ttk-bankaTTK Банка АД Скопје воведе нова функционалност кај VISA платежните картички со којашто корисниците имаат можност самостојно да го променат дневниот лимит за плаќања преку Интернет преку електронското банкарство или преку апликацијата за мобилно банкарство ТТК m-bank. Во соопштението се вели дека оваа новина овозможува поголема флексибилност, сигурност и заштита на плаќањата преку Интернет.

Отсега корисниците во секое време и без ограничувања, во согласност со потребите, ќе имаат можност да го променат стандардниот лимит од 20.000,00 денари (дневно) така што ќе го намалат на 0 денари и ќе забранат Интернет трансакции, или пак ќе го зголемат дневниот лимит до максималниот износ од 100.000,00 денари за Visa Electron и Visa Classic картичките или до 250.000,00 денари за Visa Business картичките. За поголеми износи и понатаму ќе мора да се доставува барање за одобрување преку шалтерите на Банката.

Новата услуга е бесплатна. За користење на услугата потребно е корисниците да имаат активен дигитален сертификат или софтверски токен, коишто се бесплатни.

Од банката информираат дека наскоро ќе биде овозможено и управувањето со дневните лимити на платежните картички при повлекување на средства од банкоматите на ТТК Банка АД Скопје како и за плаќања во трговија.

Во продолжение се упатствата на банката за брзо и лесно користење на новата услуга: