НЛБ Тутунска банка ја прошири деловната мрежа со нова експозитура во населба Илинден. Експозитурата го опслужува сегментот население и правните субјекти.
Банката нуди одредени поволности за своите клиенти во новата експозитура. Првите 50 клиенти кои ќе аплицираат за Visa Classic или MasterCard Standard кредитна картичка ќе добијат бесплатна членарина за првата година на користење, а првите 50 нови корисници на електронско банкарство за физички лица – НЛБ Клик, ќе добијат бесплатен НЛБ мТокен (апликација за мобилен телефон за генерирање на еднократни лозинки при плаќање преку НЛБ Клик).
НЛБ Тутунска банка во континуитет бележи пораст во банкарството на мало. Експозитурите располагаат со високостручен тим кој на клиентите ќе им ја образложи понудата на продукти и услуги од портфолиото на НЛБ Тутунска банка.
Деловната мрежа на НЛБ Тутунска банка ја сочинуваат 50 експозитури, од кои 24 локации се во Скопје, а останатите се дисперзирани во другите градови на Македонија.