Нова француска ривиера: Оваа мала балканска земја е рај за богаташи

0

Фото: Pixabay

Црна Гора е мала земја на Балканот на Јадранското море која, не е некоја луксузна дестинација, но има луксузни хотели и ужива голема популарност меѓу љубителите на јахти, па затоа е наречена нова француска ривиера, пишува Business Insider.

Освен што е дом за 64 милионери, како што пишува Business Insider, Црна Гора им дава можност на уште 2.000 инвеститори да вложат 250 милиони евра во земјата за да добијат црногорски пасош. Секој кандидат за црногорски пасош ќе мора да плати за државјанство околу 100.000 евра.

Новоотвореното пристаниште, Porto Montenegro станува популарно за јахти, не само поради изгледот, туку и за тоа што нуди и дополнителни услуги. Има капацитет за 450 големи јахти, а има и фри шоп, бензинска станица…