Нова кражба на крипто: Хакери украле 190 милиони долари од Номад

87

Американската крипто компанија Номад е погодена со кражба од 190 милиони долари.Ова е најнов грабеж што го погоди секторот на дигитални средства оваа година.

Компанијата за крипто аналитика PeckShield изјави за Ројтерс дека се украдени кориснички криптовалути во вредност од 190 милиони долари, вклучително и етер и стабилкоин USDC. Други истражувачи на блокчејн ја проценуваат бројката на над 150 милиони долари.

Номад од Сан Франциско не одговори веднаш на барањето за коментар.

Компанијата ја известила полицијата и работи со форензички блокчејн компании за да се обиде да ги идентификува засегнатите сметки и да ги врати средствата, се вели во изјавата за CoinDesk.

Номад, кој минатата недела собра 22 милиони долари од инвеститори, вклучително и големата американска берза Coinbase Global, прави софтвер што поврзува различни блокчејн – дигитални книги што ги поткрепуваат повеќето криптовалути.

Номад се опиша себеси како бизнис чија безбедност е „ на прво место“ и која ги чува средствата на корисниците безбедни.