Нова мобилна апликација за припејд корисниците на Т-Мобиле

30

t

Т-Мобиле воведе мобилна апликација – Телеком МК засега наменета за припејд корисниците, која овозможува активирање и користење на многу услуги и поволности и уникатно корисничко искуство.

Со едноставна најава преку My T-Mobile профилот, односно со внесување на мобилниот број и лозинката од профилот, припејд корисниците лесно може да пристапат  кон апликацијата. Преку апликацијата корисниците во секое време можат да ја проверат сметката и статусот на нивните активни пакети, да активираат дневни, неделни и месечни пакети за разговори, СМС, интернет, како и бесплатен бонус. Можат едноставно да го променат тарифниот модел, да споделат минути, интернет или кредит со друг припејд корисник.

Преку оваа апликација, има можност и да се поканат пријатели за да се приклучат кон COOL екипата. Достапен e и преглед на поени од Мој Клуб програмата за лојалност, како и локациите на Телеком продавниците.

Интернет сообраќајот за Телеком МК е бесплатен преку мрежата на Т-Мобиле. Доколку корисникот нема активирано My T-Mobile прифил, може лесно да го креира преку самата апликација.

Засега, апликацијата е достапна за корисниците на Andriod и истата може да ја инсталираат преку Google Play маркетот, а во скоро време ќе биде достапна и за iOS и Windows OS платформите.