Нова практика – менаџери изнајмуваат работници за подоцна да ги отпуштат

170
Businessman holding an hour glass, signifies the importance of being on time

Внатрешната политика на Amazon налага компанијата секоја година да отпушта одреден процент на вработени за да ги исполни целите на внатрешен промет на вработените.

Аmazon има сложен систем за преглед на перформансите на компанијата.

Еден од клучните делови на овој процес е метричкиот показател наречен “Несакана стапка на исцрпеност“, што претставува процент на вработени што менаџерите можат да ги изгубат, без оглед дали е со отказ или доброволно заминување од компанијата.

Поради големиот притисок да ги исполнат овие цели, некои менаџери велат дека почнале да “изнајмуваат“ луѓе кои имаат намера да ги отпуштат во рок од една година.

“Вработуваме луѓе за кои и ние и тие знаат дека ќе ги отпуштиме, само за да го заштитиме останатиот дел од тимот“ вели еден менаџер за Business Insider.

Менаџерите се под голем притисок да ги исполнат целите поставени од метричкиот показател, на еден или на друг начин.

Според меморандумот објавен од Business Insider тимовите на Amazon Web Services кои не ги исполниле целите на метричкиот показател морале да ја надоместат разликата во 2021 година. Со други зборови, ако одреден тим отпушти 3% од работниците во една година, а целта што ја поставил метричкиот показател е 5%, тогаш тој тим ќе треба да отпушти 7% од работниците следната година.

Портпаролот на Amazon негираше дека компанијата ангажирала вработени со намера да ги отпушти и додаде дека фразата “изнајми за oтказ“ не се користи во компанијата.

Фото: Freepik