Нова стратегија на Меркатор за намалување на долгот

28

Оптимизација, профитабилност, фокусираност и раст се стратешките цели на Меркатор група за периодот 2013 – 2016 година. Надзорниот одбор на словенечкиот трговски ланец Меркатор ја потврди новата среднорочна економска стратегија со која групата ќе се фокусира на пет главни пазари.

Управата на Меркатор донесе низа мерки кои веќе ги спроведува, за да овозможи оптимизација на активностите, што меѓу другото значително ќе ги намали општите трошоци и торшоците за сметки и давачки.

Групата Меркатор во 2013 година планира да оствари 2,9 милијарди евра приход од продажба, три милиони евра добивка, кои ќе бидат искористени за ублажување на моменталните негативни трендови. Во 2016 година планира 3,3 милијарди евра приходи од продажба и добивка во висина од 77 милиони евра.

Во извештајот се напоменува дека групата продолжува со проектот на монетизација со цел намалување на задолженоста. Средствата од продажбата на недвижнините ќе бидат насочени кон намалување на долгот. Во текот на 2013 и првата половина на 2014 година, акцентот ќе се стави на дезинвестиции. Со овие мерки групата ќе го намали задолжувањето за околу 300 милиони евра.