Нова стратегија за национална инфраструктура на просторни податоци

23

katastar-580x266

Податоци од повеќе области, за катастарски парцели, просторно планирање, сообраќајна инфраструктура, статистика, хидрографија, заштитени еколошки зони,…. ќе бидат стандардизирани и достапни преку националниот геопортал. Пристапот до нив ќе биде побрз и полесен за граѓаните, компаниите и институциите. Особено ќе бидат корисни во случај на елементарни непогоди, но и за планирање инвестиции и други потреби на бизнисот, јавува Миа.

Со новата двегодишна стратегија за национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП) што ја претстави Катастарот, до 2019 година Македонија треба да добие веродостојни и стандардизирани геопросторни податоци од 32 области.

Во активностите на стратегијата, изработена со помош на холандски експерти, се вклучени 18 државни институции, Стопанската комора на Македонија и Сојузот на стопански комори.