Нова ТИРЗ во Струга, две европски компании веќе покажале интерeс

30

stavrevski_20022_g111Во Струга летово ќе почне да се гради Технолошко-индустриска зона која се очекува да отвори голем број работни места.

За првите инвеститори зоната ќе биде подготвена од октомври, а веќе заинтересирани се две европски компании.

Ова вчера го најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при неговата посета на Струга.

“Едната е од автомобилската индустрија, а другата е од електронската индустрија, кои најавија планови за инвестирање во овој регион и очекувам во наредните недели и месеци да завршат успешно тие разговори и да успееме да ги донесеме во зоната во Струга, што би значело, креирање на речиси 1000 работни места само од тие две компани, а вкупно во зоната кога ќе биде целосно функционална очекуваме да се отворат над три илјади работни места”, додаде вицепремиерот Ставрески.

Тој додаде дека отварањето нови работни места во моментот и е најпотребно на Струга. Проектот за изградба на ТИРЗ е заеднички на Владата и локалната власт.