Нова услуга на УЈП: е-Плаќање на персонален данок

64

ujp logo

Управата за јавни приходи (УЈП) нуди нова услуга е – Плаќање на даноци за електронско плаќање и проверка на состојбите за персонален данок, од било кое место и во секое време.

Постапката на регистрација за е – Плаќање на даноци е бесплатна за сите и не е потребен дигитален сертификат. Она што е потребно е да се креира кориснички профил на електронскиот сервис е – Плаќање на даноци https://etax.ujp.gov.mk со избор на менито “Регистрирај се“ и да се следи процедурата.

На граѓаните (обврзници на ПДД) кои се регистрирани во системот за е – Даноци со дигитален сертификат, автоматски им е овозможена (без дополнителна регистрација) услугата е – Плаќање на даноци.

Услугата за е – Плаќање на даноци со безготовинска картичка можат да ја користат граѓаните за плаќање на персоналниот данок. Граѓаните можат да вршат онлајн плаќање на персоналниот данок со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка (кредитна и дебитна) издадена од домашна банка.

е – Плаќање на даноци ви овозможува да вршите онлајн увид во евиденцијата, преглед на платени и неплатени даночни обврски за персонален данок. На овој начин во секое време можете да ја проверувате последната состојба на вашите даночни долгови, вклучувајќи ги и долговите за Радиодифузна такса и ДДВ.