Нова верзија на мобилната апликација m-banking на Стопанска банка АД – Скопје

26

410310ed-427d-4ea7-bd38-788860c8f71d

Традиционално, со крајот на годината, Стопанска банка АД – Скопје ги чести своите клиенти со новитети и иновации. 2015-та година ја затвори со нова верзија на мобилната апликација m-banking со значителни подобрувања на дизајнот, прегледноста, но и нови функционалности.

Во просториите на Банката, поточно во i-bank store, на 30 декември 2015 се одржа и невообичаена официјална презентација на новата апликација со тематика Star Wars, стои во соопштението.

Комплетно новиот дизајн и бројните унапредувања и новитети беа дел од презентираните точки за m-banking мобилната апликација која претставува супериорна апликација на македонскиот пазар и предизвик за локалната банкарска, па и IT индустрија во иднина.

Најновата верзија од апликацијата е веќе достапна Google Play, а во следните денови најновата верзија ќе биде достапна и за iOS и Windows mobile уредите.
Дополнително, Банката подготви изненадувања, награди и интересни содржини како за ентузијастите на Star Wars серијалот, така и за останатите посетители кои присуствуваа на презентацијата и сакаат да научат нешто повеќе за најновата верзија за мобилната апликација.