Новак Ѓоковиќ ќе гради градинка во Белград

46

Фото: Pixabay

Фондацијата Новак Ѓоковиќ, на познатиот српски тенисер, ќе гради градинка во белградската населба Степа Степановиќ, пишува Новости.

Според секретарот за образование и детска заштита на Белград, Славко Гак, во овој момент се изработува идејно решение и проектна документација, а работите би требало да почнат во првата половина од 2019 година.

“Градинката што ја гради фондацијата Новак Ѓоковиќ ќе биде најсовремена предучилишна установи во Србија. Објектот се наоѓа на парцела, којашто и според планот на населбата, е за изградба на комбинирана предучилишна установа. Градинката ќе има максимален капацитет и ќе може да прими околу 250 деца“, вели Гак.

Новата педагошка установа, како што се наведува, би требало да го реши проблемот со недостаток на места во градинките, бидејќи станува збор за населба во која претежно живеат млади брачни парови.