Новата Том Форд чанта за модерната жена

29

luksuz-fancy-fashion-trend-kolekcija-stil-dizajn-linija-tom-ford (4)Американскиот дизајнер Том Форд го претстави својот најнов моден додадок за сите модерни дами.

Секоја жена која носи таканаречена плик чанта добро знае дека во неа секогаш недостасува простор, понекогаш и за обичен кармин. Токму тоа го инспирираше дизајнерот да креира нешто ново.

Така ја созададе уникатната чанта Lipstick Minaudiere која е дел од неговата пролетна колекција. Плик чантата во себе содржи специјален држач за кармин, направена е до плексиглас и може да се нарача во сребрена, златна или шарена верзија.

Торбичката има и ременче во облик на златно ланче, што овозможува истата да се носи на рамо и во рака.

Внатрешноста на чантата е направена од кожа и има доволно простор за сите потребни работи што една модерна жена треба да ги понесе со себе, телефон, паричник, дел од козметиката, шминката и слично.

Со секоја купена чанта добивате и кармин Vanilla Suede, со природни состојки како екстракт од соино семе, бразилски путер и масло од камилица.

Цената на оваа луксузна чанта е 4.000 долари.

luksuz-fancy-fashion-trend-kolekcija-stil-dizajn-linija-tom-ford (7)luksuz-fancy-fashion-trend-kolekcija-stil-dizajn-linija-tom-ford (2)luksuz-fancy-fashion-trend-kolekcija-stil-dizajn-linija-tom-ford (9)

luksuz-fancy-fashion-trend-kolekcija-stil-dizajn-linija-tom-ford (6)