Нови 306 работодавачи ја злоупотребиле финансиската поддршка за исплата на плати

36

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, ги обелодени податоците за злоупотребата на финансиската помош по однос на исплата на плати за месец декмври.

“За декември 2020 година поднесени се 13.721 барање и на 13.160 работодавачи им се исплатени вкупно 961.709.366 денари за вкупно 60.974 вработени лица. Со состојба од февруари 2021 година, 306 работодавачи кои примиле финансиска поддршка во износ од 16.05.020 денари не ја исполниле обврската за исплата на плата на 992 вработени лица. За работодавачите кои не ја исплатиле платата, добиле опомена, а по рокот, ќе следува блокада на сметките и пренос на сметките на вработените лица. Најголема злоупотреба е забележана во дејностите трговија на мало, угостителство и градежништво. Најголемиот број на ваквите фирм кои ја злоупотребиле помошта се од Скопје“, истакна Лукаревска.

Фото: Freepik