Нови Екто бензини на бензинските станици на Лукоил

28

baner-novi-aditivi4

Лукоил Македонија од неодамна на своите бензински станици започна со продажба на нови иновативни подобрени горива Екто Спорт и Екто Плус, коишто ја подобруваат моќноста и економичноста на моторот, истовремено овозможувајќи заштита на животната средина, стои во соопштението.

Брендираните Екто Спорт и Екто Плус од Лукоил се создадени во согласност со европските стандарди и регулативи за користење на современи и еколошки горива, но и во склад со начинот и темпото на современото живеење.

Максимално се прилагодени на новите софистицирани модели на автомобили кои имаат потреба од квалитетни и ефективни еколошки горива.

Во 2011 година, Лукоил Македонија започна со продажба на своите бензински станици на новото поколение на моторни горива Екто Дизел, Екто Плус и Екто Спорт. За прв пат во Македонија за време на зимскиот период 2015 – 2016 на пазарот беше понудено специјално дизел зимско гориво од Лукоил.

“Следејќи го слоганот на Лукоил ‘Секогаш во движење’ така и ние не застануваме, затоа од оваа есен нашите клиенти ќе може да ги набават новите Екто бензини со уште подобар квалитет. Тоа е одговор на компанијата Лукоил на предизвиците на 21 век за заштита на екологијата и енергетската безбедност – двата глобални проблеми за човештвото. Во споредба со обичното гориво, горивото Екто поседува подобрени економски и експлотациони својства. Екто горивата се производ на Компанијата Лукоил и можете да ги најдете исклучиво на бензинските станици на Лукоил. Уште една предност  е тоа што примената на ова гориво дава дополнителни км возење со еден полн резервоар. Воедно, за оние за кои што движењето претставува живот, а брзината искушение, и за оние кои сакаат вистински спортски стил на возење и кои се навикнати да го имаат најдоброто за себе и својот автомобил, новите моторни бензини ќе бидат вистински предизвик за нив“, велат од раководството на Лукоил Македонија.

Лукоил Македонија е дел од балканската меѓурегионална групација на компании и врши продажба на големо и мало на нафтени деривати преку мрежата на бензински станици. Во моментов компанијата работи со мрежа од 27 бензински станици и еден нафтен склад, којашто воедно е еден од поголемите снабдувачи со гориво во земјава, синоним за најквалитетни горива и врвна услуга во земјава, бренд на кој потрошувачите му веруваат. Довербата на потрошувачите е резултат на континуираните иновации и инвестиции во производството, но и на филозофијата на Лукоил Македонија да се работи посветено, максимално грижејќи се како за своите вработени, така и за своите клиенти и потрошувачи.