Нови навики и нови производи во “мода“

22

Пандемијата на сите ни го промени начинот на живот, навиките и производите што најчесто се наоѓаат во кесите кога излегуваме од супермаркетите.

Средствата за дезинфекција, фитнес справи за домашна употреба… и слично ќе бидат дел од кошницата за пресметка на трошоците на живот во Велика Британија. Според националната канцеларија за национална статистика на оваа земја, во пресметката влегуваат и паметни часовници, електрични автомобили, а исфрлени се бели чоколада и сендвичи купени во кантината на работа.

Околу 180.000 цени се мерат во британските продажни места за да може да се пресмета инфлацијата, пренесува ВВС. Движењето на цените ги одразува современите навики за утврдување на стапката на инфлација што ги претставува промените на трошоците на живот.

Меѓу производите што влегуваат во пресметката се геловите за дезинфекција на раце, фитнес опрема за домашна употреба, паметни часовници, лежерна облека…, а се одземаат белото чоколадо, ладните сендвичи, јагнешко месо, мелено кафе…

Фото: Pexels