Нови производи на Охридска банка во рамки на Прогрес депозитите со фиксни каматни стапки

24

ohridska-banka

Охридска банка Сосиете Женерал воведе нови производи во рамки на палетата на Прогрес депозити со фиксни каматни стапки, стои во банкарското соопштение.

“Отсега, за денарскиот и девизниот депозит Прогрес достапна е целосна понуда со рок на орочување на 12, 24 и на 36 месеци, поделен на 4 (за 12 и 24 месеци) или 6 периоди (за 36 месеци), при што секој нареден период носи повисока камата. Каматните стапни се фиксни и не се менуваат за периодот на орочување“, велат од Охридска банка.

Оваа понуда на клиентите на банката им нуди: растечка каматна стапка, којашто се зголемува за секој нареден период, гарантирани и непроменливи каматни стапки за целиот период на орочување, можност за орочување депозити во денари или во евра и можност за избор на различен рок на депозитот.

“Дополнителна предност за корисникот е можноста за дополнително вложување износи на основниот влог и на тој начин користење на растечка камата за секој вложен износ на Депозит прогрес. Со оваа понуда на Охридска банка Сосиете Женерал, клиентите имаат можност за користење на каматна стапка од 2,75% за девизен Депозит прогрес и до 4,30% за денарски Депозит прогрес за време на последниот период за депозит орочен на 36 месеци“, стои подолу во соопштението на банката.