Нови работни места и технологија преку иновациски проекти

25

fond za inovacii i tehnoloski razvoj

Финансиската поддршка од државата за иновациските проекти резултира со нови работни места и примена на нови технологии. За развој на иновациските активности има потенцијал со добро осмислени проекти, пишува Миа.

Тоа го оценија учесниците на денешната презентација на можностите за финансирање иновативни проекти на старт – ап и спин – оф компании, во организација на Фондот за иновации и технолошки развој.

Преку тековниот повик на Фондот се обезбедува финансиска поддршка со вкупен износ од 600.000 евра, а проектите што ќе се финансираат се до 30.000 евра, односно покривање на 85% од трошоците.

“Таргетот за овој повик е дека ќе финансираме околу 20 компании, а се надеваме дека секоја компанија ќе има барем пет лица коишто ќе бидат задолжени за активностите за реализација на проектот, но не ги условуваме од старт да прикажат точно пет, на некои може ќе им треба повеќе, на некои помалку вработувања“, изјави Јасмина Поповска, директорка на Фондот за иновации и технолошки развој на Македонија.