Нови рекорди на индексите Dow Jones и S&P 500

21

На Волстрит во вторникот, индексот S&P 500 и Dow Jones достигнаа нови врвови во историјата, но тргувањето беше претпазливо пред објавувањето на кварталните деловни резултати од неколку технолошки гиганти.

Dow Jones зајакна 15 поени, или 0,04 отсто, на 35.756 поени, додека S&P 500 порасна за 0,18 отсто, на 4.574 поени, а индексот Nasdaq порасна за 0,06 отсто, на 15.235 поени.

Растот на индексот се должи на подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на компаниите.

Досега речиси 30 отсто од компаниите во индексот S&P 500 објавија резултати, а повеќе од 82 отсто од нив остварија поголема заработка од очекуваната.