Новинари ги разоткрија тајните на даночните оази: Кој и каде криел пари?

65

novinari danocni oaziМеѓународна мрежа на новинари собра околу 2,5 милиони податоци за преку 140.000 богаташи и компании од целиот свет и составија импресивна листа на оние кои со години избегнуваат плаќање на данок, а огромни суми на пари кријат во даночните оази ширум светот, пишува Spiegel.

Информациите што успеале да ги соберат од бројни анонимни извори опфаќаат измами и договори во дури 170 земји, а на листата има имиња на политичари, ѕвезди, криминалци, олигарси, финансиери и многу други. Сите тие се сопственици на сметки во даночни оази како што се Девствените острови, Кајманските острови, Самоа и Кукови острови.

“Оваа истрага ја дигна завесата од offshore системот и пружа транспарентен поглед во тајниот свет на поединците и компании кои ги чуваат парите во даночни оази ширум светот. Знаевме дека оваа индустрија е тајна и недостапна, но она што изненадува е фактот колку е раширен и добро вмрежен целиот тој систем”, објаснува Жерард Рајл, директор на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари.

Во истрагата која траела 15 месеци учествувале 86 новинари од 46 земји, од медиуми како BBC, The Guardian, The Washington Post, Le Monde, Sueddeutsche Zeitung, Sonntagszeitung, NDR.

New York Times пишува дека земјите на кои се однесуваат собраните податоци се Аргентина, Ерменија, Австралија, Азербејџан, Белгија, Бразил, Бугарија, Канада, Чиле, Колумбија, Костарика, Хрватска, Данска, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Индија, Ирска, Италија, Јапонија, Косово, Латвија, Малезија, Мексико, Молдавија, Холандија, Нов Зеланд, Нигерија, Норвешка, Пакистан, Парагвај, Филипини, Романија, Русија, Србија, Сингапур, Јужноафриканска Република, Шпанија, Шри Ланка, Шведска, Швајцарија, Тајланд, Украина, Велика Британија, САД и Венецуела.

Еве како Sueddeutsche Zeitung го објаснува процесот на истражување: “Програмерите направија програми по урнек на оние што ги користат offshore компаниите за да можат да ги имитираат нивните регистри и така да одговорат на многу прашања – кој е основач, кои се партнерите со кои комуницира, дали некоја сметка веќе е пратена и ако е, на која адреса? Само така беше можно да се дешифрира комплексната конструкција на offshore фирми. Најголем дел од програмерскиот дел сработиле специјалисти за обработка на податоци од Германија, Велика Британија и Костарика. Собраните податоци им се доставени само на одредени медиуми. Податоците зафаќаат 260 гигабајти, во сите можни формати – електронски писма, слики, шифрирани датотеки, ворд документи и PDF документи.”