Новини од Интел

26

Рамката на интелигентни системи на Интел (Intel® Intelligent Systems Framework) претставува збир на взаемно оперативни решенија кои постојано еволуираат и се дизајнирани да овозможат поврзаност, лесно ракување и безбедност кај уредите на постојан и на скалабилен начин. Оваа рамка е изработена како резултат на проценката на Интел дека до 2015 година ширум светот на интерент ќе бидат поврзани повеќе од 15 милијарди уреди , од кои една третина ќе бидат интелигентни системи.

Оваа мрежа од интелигентни системи што го сочинуваат т.н. „интернет на работи“ и експлозивниот раст кој се предвидува за оваа категорија, претставуваат неверојатна можност и нови предизвици во областа на информатичката технологија, се наведува во соопштението на Интел.