Новиот Ајфон сепак нема да биде поскап од неговиот претходник?

230

Иако неодамна се појавија гласини дека iPhone 14 би можел да биде за стотина долари поскап од сегашната генерација, се чини дека тоа нема да биде така.

Како и досега, „Apple“ треба да ја претстави новата генерација на своите смартфони во текот на септември, најдоцна во октомври. Сè уште не е познат точниот датум, но веќе се шират шпекулации за тоа колку би можел да чини iPhone 14.

Според неодамнешните гласини, цената на основниот модел би можела да биде 899 долари, 100 долари повеќе од iPhone 13. И сите други модели би биле подеднакво скапи, освен целосно новиот iPhone 14 Max.

Но, како што пишува Notebookcheck, поради стагнацијата на светскиот пазар и намалувањето на побарувачката, Apple би можел да се одлучи за поинаква тактика и да ја остави цената на минатогодишното ниво, барем за основниот модел.

Можна причина е тоа што годинава, се чини, нема да има поевтин iPhone Mini, поради што зголемувањето на цената на основниот модел би можело да одврати многу купувачи. Исто така, новиот iPhone би можел да биде послаб од очекуваното.

Останатите модели од новата серија сепак би требало да бидат поскапи. Така, iPhone 14 Pro најверојатно ќе чини 1.099 долари, а iPhone 14 Pro Max околу 1.199 долари.