Новиот BlackBerry® Z10 достапен во Vip

25

f3e231b5-58f6-43de-8a0e-49f56acefd6bОтсега понудата на мобилниот оператор Vip го вклучува и BlackBerry® Z10, најбрзиот и најсофистициран смарт-телефон досега, од брендот BlackBerry®.

Овој смарт-телефон, кој е поддржан од оперативниот систем BlackBerry® 10, обезбедува непречено извршување и контрола на деловните задачи и обврски, но истовремено нуди забава и уживање во комуникацијата со најблиските и останатите приватни контакти.

Peek и Flow во BlackBerry Hub овозможуваат паралелно користење на повеќе апликации и навигирање низ она што се гледа, слуша, следи, односно она на коешто се работи во моментот.

Со BBMTM (BlackBerry® Messenger), освен што може да се креира посебна група за соработниците и со нив да се контактира преку видеокомуникација, може и да се споделуваат содржини од смарт-телефонот, без разлика дали станува збор за фотографии, документи, презентации итн.

Посебно важно за новиот BlackBerry® Z10 е новата BlackBerry® BalanceTM технологија, која служи како заштита на сите службени податоци и апликации на телефонот и ги чува одвоено од приватните податоци, материјали и профили.