Новиот директор на Instagram е член на Facebook тимот

41

Ко-основачите на Instagram Кевин Систром и Мајк Кригер, кои минатата недела изјавија дека ја напуштаат компанијата, назначија нов директор на популарната апликација.

Станува збор за Адам Мосери, кој доаѓа од тимот на Facebook и стапува на функцијата веднаш.

Мосери, кој од 2008 година работи за Facebook, имал неколку улоги во технологшкиот гигант, вклучувајќи шеф на News Feed и директор за дизајн на мобилни апликации. Неодамна во Instagram го назначија како потпретседател на производ.

Неговата улога како главен извршен директор на Instagram ќе подразбира контрола на целокупното работење на компанијата. Мосери ќе вработи и нов извршен тим, вклучувајќи одговорни лица за инженеринг, производ и операции.

Пред нивното заминување, Систром ја имаше улогата на главен извршен директор, додека Кригер беше директор на технологија.