Новиот Land Rover Defender во новиот филм за Џејмс Бонд

51

Од Land Rover истакнуваат дека во краткото видео можете да се види што сè може да се очекува од новиот Defender, којшто на почетокот од самата реклама “полетува“ во воздух. Defender е познат како автомобил којшто може да минува низ тешки теренски услови, а во рекламата може да се забележи како вози во полна брзина низ мочуришта и нерамни терени.

Сцената со бркотницата во 25-тиот филм за Џејмс Бонд е предводена од каскадерскиот координатор Ли Морисон, кој соработува со оскаровецот Крис Корбулд, кој е супервизор за специјални ефекти и акциони возила.

“Го истуркавме Defender до крајните граници за кои мислевме дека не може да ги достигне, со цел да добиеме максимална возбуда и да им дадеме на фановите поглед во бескомпромисниот предизвик за да се произведе неверојатна сцена со бркотница која ќе може да се види во No Time To Die“, изјави Ли Морисон.

Преземено од Avtoplus.mk