Новиот смартфон на Huawei нема да ги има услугите од Google

48

Huawei за прв пат ќе претстави нов смартфон откако компанијата беше ставена на црната листа за трговија од страна на САД. Сепак, моделот Mate 30 ќе дојде со неколку измени, односно без услугите YouTube, Gmail и Google Maps.

Официјалното пуштање во продажба на смартфонот е закажано на крајот на месецов во Минхен, Германија. Huawei откако беше ставен на црната листа нема пристап до услугите на технолошкиот гигант Google, за којшто кинескиот производител вели дека и понатаму останува нивен прв избор за оперативен систем.

Вториот по големина производител на смартфони во светот создаде и сопствен оперативен систем наречен Harmony, којшто беше претставен минатиот месец, пишува CNN.

Mate 30 би можел да го има Android, којшто е сепак отворен систем, но корисниците нема да можат да пристапат до популарните апликации како и до Google Play Store каде од каде што можат да симнуваат нови апликации.

Фото: Pixabay