Новиот вид на вирус ја спушти цената на нафтата

35

Цените на нафтата на почетокот на оваа недела на меѓународните пазари се спушти на 50 долари поради појавата на нов вид на коронавирус во Велика Британија, којшто поттикна нов бран строги мерки, потпирајќи се на загриженоста за побарувачката за енергенти.

На лондонскиот пазар, цената на еден барел се намали за 2,23 долари на 50,03 долари, додека на американскиот пазар барел нафта се тргуваше по цена од 47 долари или пониска за 2,10 долари.

Појавата на новиот вид на коронавирус во Велика Британија, за којшто се смета дека е 70% позаразен од актуелниот, повторно го зголеми стравот. Досега од Ковид-19 починаа околу 1,7 милиони луѓе ширум светот.

Фото: Freepik